Томас Милер вели дека преферира да го има својот соиграч Роберт Левандовски покрај него отколку Лионел Меси или Кристијано Роналдо.
На интересна прес-конференција преку Интернет во средата, Милер беше запрашан кого би сакал повеќе да го има за соиграч, Роналдо или Меси, и иако призна дека неговиот стил повеќе би одговарал со Роналдо, тој посочи дека Левандовски е пред нив.
„Можеби во минатото ќе сакав да играм со Лео Меси, бидејќи во првите шест-седум години од кариерата играв како напаѓач, влегувајќи во шестнаесетникот во обид да се стигне до голот. Сега, сум во добра позиција како фудбалер од средниот ред и можеби повеќе ми треба Кристијано Роналдо да дава голови. Но, во Баерн Минхен го имаме Роберт Левандовски, кој мислам дека е најдобрата опција. Играв против Меси и Роналдо, ги победував и губев. Тие се многу посебни играчи бидејќи одат до лимитот. Веќе 10 години даваат по 50 гола. Тоа е лудо“, вели Милер.