Top Sport

Проблем за Лацио, СМС го повредил коленото

Клучниот играч на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ го повредил коленото на последниот тренинг на тимот.

Лацио не сака да ризикува поради што за вечерва закажал преглед со магнетна резонанца за фудбалерот.

По тој преглед ќе биде познато колку повредата е сериозна.

Во клубот се оптимисти и веруваат дека повредата нема да го оддалечи од терените.

Лацио на 13 јуни треба да го одигра полу-финалниот реванш со Интер во Купот на Италија.

Инаку Сергеј изминатите недели се поврзува со трансфер во ПСЖ. Наводно спортскиот директор на ПСЖ, леонардо, на Лацио им понудил 60 милиони евра за српскиот репрезентативец.

Scroll to Top