Top Sport

Холифилд со ново тренинг видео: Фокус, верба, посветеност (видео)

Ивандер Холифилд уште еднаш на своите фанови им покажа каква е неговата физичка подготвеност за враќањето во боксерскиот ринг на 57 години.

Веднаш откако неговиот стар ривал, Мајк Тајсон објави дека ќе се врати на боксот за неколку егзибициски дуели, Холифилд го предизвика на трет меч, откако победи во првите два (првиот на поени, а вториот со дисквалификација на Тајсон откако му одгриза дел од увото на ривалот).

Тој претходно ги повика поранешниот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, како и Антонио Тарвер да му помогнат во подготовките, и сега покажа дека е во застрашувачка форма за човек кој е блиску до својата 60-та година.

 

View this post on Instagram

 

Focus. Faith. Determination.

A post shared by Evander Holyfield (@evanderholyfield) on

Холифилд тренира со Кличко и е во застрашувачка форма! (видео)

Scroll to Top