„Лудата глава“ на светскиот фудбал Марио Балотели повеќе не е играч на Бреша тврди „Газата дело Спорт“. Според овој извор прекинот на соработката помеѓу клубот и фудбалерот се очекува во текот на денот.
Балотели минатото лето потпиша со Бреша договор до 2022 година со надеж дека ќе може да ја врати кариерата на вистинскиот колосек.
Ниту во Бреша не успеа да избега од проблемите.
Минатата недела не се појавил на тренингот, се правдал дека бил болен, но во клубот не го прифатија оправдувањето.
Масимо Челино, првиот човек на клубот, донел очекувана одлука, да го раскине договорот со Балотели.
Наводно фудбалерот сакал да го тужи клубот меѓутоа адвокатите го советувале дека е најдобро да го прифати отказот. Бреша го раскинува договорот бидејќи Балотели ја прекршил клупската дисциплина.