Top Sport

Договорен трансферот на Бадељ

Хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ по шест години ќе ја напушти Серија А. Негова следна дестинација ќе биде руската Премиер лига. Италијанскиот новинар Џанлука ди Мацио тврди дека Лацио и Локомотив Москва го договориле трансферот на Бадељ.

Милан Бадељ оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Фиорентина, Лацио од неговиот трансфер ќе заработи 3,5 милиони евра. Бадељ со клубот чии капитен е неговиот сонародник Ведран Чорлука ќе потпише три годишен договор.

Бадељ во Москва доаѓа на местото на Жоао Марио кој ќе се врати во Интер. Локомотив нема да го откупи договорот на Португалецот за сума од 18 милиони евра.

Доколку не се случи нешто непредвидено договорот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top