Top Sport

УФЦ 250: Гарбранд го „смачка“ Асунсао со страшен нокаут (видео)

Поранешниот УФЦ шампион во бантам категорија, Американецот Коди Гарбранд се врати меѓу победниците на УФЦ 250 во Лас Вегас во саботата и тоа на најдобар можен начин.

Гарбранд го „уништи“ бразилскиот ривал Рафаел Асунсао, со страотен нокаут во последната секунда од втората рунда.

28-годишниот Гарбранд со победата повторно влегува во конкуренција за враќање на својата титула, со 12 победа во 15 мечеви во УФЦ.

Scroll to Top