Плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс Стеф Кари нема да учествува во натпреварот во брзо шутирање на тројки на престојниот „Ол стар“ викенд во Лос Анџелес, објави ЕСПН.
Еден од најдобрите шутери во историјата на лигата и победник на оовј натпревар во 2015 година, како што наведува истиот извор планира повторно да биде дел од овој натпревар на наредниот „Ол стар“ кој ќе се одржи во неговиот роден град Шарлот.
За титулата оваа година во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес ќе се натпреваруваат Клеј Томпсон (Голден Стејт Вориорс), Вејн Елингтон (Мајами Хит), Бредли Бил (Вашингтон Визардс) и Девин Букер (Феникс Санс).