Венди Холденер стигна до домашна победа во Ленцерхајде во трката во алпска комбинација од Светскиот куп, победувајќи ги Италијанката Марта Басино и Словенката Ана Буцик, откако Линдзи Вон не се снајде најдобро во слаломската трка.
Во комбинацијата, дисциплината која спојува брзинска трка (супер-џи во овој случај) и техничка трка (слалом), Вон имаше предност од 0.71 секунди пред Холденер по брзинската трка, но не успеа да се снајде најдобро во слаломот и на крајот заврши на четвртото место.
Холденер, која е специјалистка за технички трки, беше совршена на слаломската патека за да заврши со 1.55 секунди предност пред Басино и да ги зголеми швајцарските надежи за медал на Олимпијадата во Пјеонгчанг следниот месец. Буцик, која беше само 30. по брзинската трка, заврши со 1.56 секунди послабо време.
Ова е трета победа во кариерата за Холденер, која минатата година на Светското првенство во Санкт Мориц стигна до златото во комбинацијата.
Победничката трка на Холденер можете да ја погледнете тука.