Вилијамс најверојатно ќе бидат првиот Ф1 тим кој ќе го претстави својот болид за 2018 година, откако го избраа Лондон како локација за шоуто на 15 февруари.
ФВ41 болидот на тимот од Гроув ќе биде прв болид кој ќе биде дизајниран од новиот технички директор Педи Лоув, кој лани замина од Мерцедес и направи голем број на промени во приодот на славниот тим.
Церемонијата на 15 февруари ќе биде можност Вилијамс да го презентира и најмладото партнерство во Ф1 со 22-годишниот Сергеј Сироткин и 19-годишниот Ленс Строл. Зимското тестирање во Формула 1 започнува во Барселона на 26 февруари.