Рестартот на фудбалот во Грција започна со големото дерби помеѓу ПАОК и Олимпијакос на „Тумба“ во Солун, каде што гостите стигнаа до 1:0 победа за да се одвојат на 17 поени над лутиот ривал пред нивната нова „пресметка“, пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Женева.
Олимпијакос го стартуваше плејофот (од 10 рунди) со победа која речиси сигурно им ја носи 45. грчката титула. Јусеф Ел Араби го реши дербито во 23. минута по асистенција на Матју Валбуена, откако претходно во седмата минута им беше поништен гол поради офсајд.
Сега, следува борбата пред ЦАС за казната од седум поени за ПАОК која беше доделена во март и може да ги чини место во Лигата на шампионите, но и место во првата лига. Грчката фудбалска федерација го казни ПАОК поради прекршување на правилата за сопственост, бидејќи газдата на ПАОК има акции и во Ксанти.
Жалбата, секако, беше поднесена од Олимпијакос, кои исто така го однесоа случајот пред ЦАС, барајќи ПАОК и Ксанти да бидат пратени во втората лига поради прекршокот.