Американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми притисокот над играчите од НФЛ лигата во американски фудбал, откако поднесе петиција за нивниот протест кон американската химна.
Трамп подолго време не е задоволен од играчите кои се решаваат да клекнат за време на изведувањето на химната во знак на протест за полициската бруталност кон Афро-Американците. Комесарот на НФЛ, Роџер Гудел минатата недела го одби барањето на Трамп да се казнат тие кои ќе протестираат.
„Претседателот побара листа на поддржувачи на стоење за националната химна. Додадете го своето име да го покажете патриотизмот и поддршката“, стои во петицијата која ја објави фондацијата за финансирање на Трамп и потпретседателот Мајк Пенс и која беше објавена на веб-сајтот на Републиканскиот национален комитет.
Движењето „клекни“ го поведе поранешниот квотербек на Сан Франциско 49ерс, Колин Кеперник со неговиот протест минатата година, откако самиот процени дека со клекнување се оддава почит на химната, но ов исто време се изразува и протестот.