Top Sport

И навивачот на Ковентри доби доживотна суспензија

Лутиот навивач на Ковентри сити, кој се расправаше со играчите на својот омилен тим при поразот од 1:0 од Форест Грин роверс во англиската трета лига, доби доживотна суспензија.

Во мечот во вторникот, навивачот влезе на теренот врескајќи кон играчите и кон капитенот Мајкл Дојл разочаран од играта на поранешниот премиерлигаш.

„Ковентри сити објави доживотна суспензија за навивачот, која се однесува и на натпреварите на гости. Тој човек нема да може да влезе на ‘Рикох арената’ до крајот на својот живот, и тоа на сите натпреварувања, а и на други спортски и музички настани. Знаеме дека фудбалот е емотивна игра и понекогаш фрустрирачка за навивачите, меѓутоа нема изговор за влегување на теренот“, се вели во соопштението на тимот.

Вака не се води тим – објасни навивачот на Ковентри

Scroll to Top