Светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа ги нападна критичарите на неговиот говор на протестот на „Black Lives Matter“ во неговиот роден град Вотфорд, откако беше обвинет дека ги повикува луѓето да не купуваат во продавници чии сопственици се белци.
Џошуа беше дел од мирниот протест во саботата, како и во многу градови низ целиот свет по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис. Со патерици и гипс на ногата, Џошуа го прочита својот говор.
„Возддржете се од трошење на вашите пари во нивните продавници и економии, и инвестирајте во бизниси на црни сопственици. Покажете им каде боли“, вели Џошуа.
Дел од неговите фанови преку социјалните мрежи му порачаа дека се работи за „обратен расизам“, односно повик за бојкотирање на белците, на што тој одговори фуриозно на Твитер.
„Ако мислите дека сум расист, одете е.ете се! Ако го гледате целото видео, говорот беше додаден за да се прочита и јас бев првиот. Лично зборував од срцето на заедницата на Вотфорд, идеите за инвестирање на суми со седум цифри за да се креира единство и можности за промени кај афро-карипската заедница. Продавниците не се важни тука. Пред да зборувате глупости, подобро бојкотирајте го расизмот“, изјави Џошуа.
Ова не е првпат Џошуа да биде обвинет за расизам, откако во 2017 на својот ривал Еди Чејмберс му прати порака во која го нарече Американецот „срамота за супериорната црна раса“ .
„Ти си мала кучка, запамети го тоа. Сега ти пораснаа јајца да зборуваш по сите години, се сеќавам кога беше многу тивок. Кучките зборуваат, вистинските одат во тишина. Ти си пропалица. Срамота за супериорната црна раса“, гласеше пораката на Џошуа од 2017.
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) June 7, 2020