По точно три месеци пауза во четврток ќе продолжи сезоната во шпанската Примера. 28 коло ќе го отвори градското дерби помеѓу Севилја и Бетис. До крајот на сезоната секој ден ќе има најмалку два натпревари во Примера.
Сезоната во Шпанија ќе продолжи без навивачи на трибините, иако животот во оваа земја по пандемијата што ја предизвика Ковид-19 полека за нормализира.
Неколку шпански медиуми тврдат дека челниците на Ла Лига имале план од наредниот месец да ги врата навивачите на трибините. Предлогот веќе го испратиле до надлежните органи.
Не е познато колу проценти од капацитетот на стадионите ќе може да биде пополнет, повеќе информации на оваа тема се очекува во наредните денови.