Имињата на дресовите на фудбалерите во Премиер лигата ќе бидат заменети со „Black Lives Matter“ во првите 12 меча од сезоната која ќе се рестартира на 17 јуни, потврдија од лигата, додавајќи дека ќе ги поддржуваат сите играчи кои ќе изберат да клекнат во текот на мечевите.
„Ние, фудбалерите, стоиме заедно со единствена цел да се искоренат расните предрасуди. Посветени сме на глобално општество со инклузија, почитување и еднакви можности за сите, без разлика на бојата или размислувањето“, се вели во соопштението.
Покрај ова беџ со „Black Lives Matter“ и со НХС, британскиот здравствени систем ќе биде поставен на дресовите до крајот на сезоната.
The Premier League stands alongside players, clubs, the FA, EFL, PFA, LMA, PGMOL and all those who oppose discrimination
The #PL will support players who ‘take a knee’ before or during matches
There is #NoRoomForRacism, anywhere.
Full Statement: https://t.co/fdShPIq2ID pic.twitter.com/A661OWzyrx
— Premier League (@premierleague) June 12, 2020