Обидот на Атлетико Мадрид да стигне до место кое води во Лигата на шампиони не започна најдобро, откако во првиот меч по рестартот на Ла лига одиграа само 1:1 на празниот „Сан Мамес“ против Атлетик Билбао.
Икер Муниаин ги донесе домашните во водство во 37. минута со убав гол пред „замрзнатите“ дефанзивци на Атлетико во шестнаесетникот, но славјето на домаќините не траеше долго – Диего Коста само две минути подоцна израмни на 1:1. Ако се сметаат двата меча пред паузата поради корона вирусот, тимот на Диего Симеоне има три ремија во низа.
Со овој резултат, Атлетико останува на шестото место со 46 поени, исто колку што имаат и Реал Сосиедад и Хетафе пред нив, додека Билбао се на 10. место со 38 поени.