Жозе Мурињо очигледно ги почна менталните игри со Оле Гунар Солскјер пред дуелот на Тотенхем со Манчестер јунајтед, наводно велејќи дека Норвежанецот е „надвор од својата лига“ со тренерското место во славниот тим.
Тотенхем ќе ги пречекаат Јунајтед во првиот меч по паузата поради корона вирусот веќе в петок навечер, а „ѓаволите“ се на три поени зад четвртопласираниот Челси, додека Тотенхем се осми со дополнителни четири поени заостанување.
Мурињо доби отказ од Јунајтед во текот на сезоната 2018/19, и очигледно не е убеден дека неговиот наследник завршува добра работа на „Олд Трафорд“, велејќи им на луѓето дека „е надвор од својата лига“, тврди британскиот „Атлетик“.
Во првиот меч меѓу двата менаџери оваа сезона, Солскјер беше победник – Јунајтед славеше со 2:1 на „Олд Трафорд“.