Веста дека кошаркарот на Партизан Никола Јанковиќ (26) е позитивен на коронавирусот ја страсе спортската јавност во Србија. Јанковиќ планирал одмор во странство со семејството па од превентивни причини го направил тестот. Кошаркарот е позитивен иако не покажувал симптоми.
Јанковиќ минатата среда заедно со соиграчите од клубот и тренерот Андреа Тринкијери бил на фудбалското дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда, а претходно настапил на натпреварот со кој тренерот Дејан Милојевиќ се прости од Мога Бемакс, тој кариерата ќе ја продолжи во НБА.
Јанковиќ на овој меч настапил во тимот „Деки чао“. Во овој тим биле поранешни кошаркари на Мега Бемакс на кои тренер им бил Милојевиќ.
Во тимот Раде Загорац, Огњен Јарамас, Немања Дангубиќ, Новица Величковиќ, Борис Савовиќ… Во другиот тим биле кошаркари кои се играчи на Мега Бемакс.
На овој меч присуствуваа голем број на новинари, сниматели, фото-репортери, навивачи, но и познати фаци: кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кошаркарските тренери Жељко Обрадовиќ, Дејан Радоњиќ, Саша Обрадовиќ, Душко Вујошевиќ, познатиот менаџер Миодраг Ражнатовиќ. челникот на Кошаркарскиот сојуз на Србија Предраг Даниловиќ…
Никој од присутните на овој ревијален натпревар не носел заштитна маска и ракавици.