Маркус Рашфорд откри дека Манчестер јунајтед му дозволиле да се приклучи на славната академија една година предвре откако неговата мајка ги објаснила тешките услови во кои растел тој.
Рашфорд во текот на пандемијата на корона вирусот помогна на добротворната организација „ФерШер“ да подели 3 милиони оброци на сиромашни деца во Велика Британија и во неделата прати отворено писмо до владата да не се сопре програмата со ваучери за храна со кои досега се гарантираше дека децата ќе добиваат храна додека училиштата се затворени.
Во ова писмо, Рашфорд ја објасни својата економска ситуација како дете и како Јунајтед му дозволиле да влезе во академијата на 11 наместо на 12 години.
„Мојата мајка ме израсна како самохран родител, и имаше пет деца кои живееја со неа. Програмата која ја стартував на 11 години, требаше да почне од 12, и со неа добив сместување поблиску до тренинг-центарот и ново училиште. Морав да јадам исправно, да бидам поблиску до соиграчите. Затоа почнав порано во академијата, за да помогнам на мојата мајка со ситуацијата во која бевме. Мојата мајка се трудеше, одевме во продавница која се викаше ’Свет за фунта’, каде што сè чинеше под една фунта. Ќе нарачавме седум јогурти, и секој ден ќе имавме по еден јогурт. Има семејства кои се како моето, кои имаат четири или пет деца и кои немаат контрола. Не се работи за политика, туку за хуманост“, вели Рашфорд.
An Open Letter to all MPs in Parliament…#maketheUturn
Please retweet and tag your local MPs pic.twitter.com/GXuUxFJdcv
— Marcus Rashford (@MarcusRashford) June 14, 2020