Украинската УФЦ ѕвезда Марина Мороз вели дека не добила никаква поддршка од својата татковина додека се обидувала да влезе во ММА борбите, откривајќи дека на 10 години молзела крави и работела на семејната фарма за да успее.
28-годишната Мороз дебитираше во УФЦ во 2015 година и има 5-3 скор во октагонот во сламка категорија. Таа доаѓа од малото село Вилнохирск во источна Украина, на 400 километри од Киев, и вели дека детството и било одбележано со напорна работа.
„Многумина не знаат за мојот тежок живот пред УФЦ и низ што морав да поминам да стигнам дотука, бидејќи на Инстаграм ги кажувам само најдобрите моменти. По осум меча во УФЦ немав ниту едно интервју во Украина, немав спонзори и бев единствена девојка оттука во УФЦ. Работев напорно цело време, а многумина ме лажеа и ме користеа. Едно време живеев во теретаните и спиев на земја. Најтешкото беше кога имав 10 години и работев на фарма. Молзев крави, работев во градината, истоварав жито, но имав сон, сакав да бидам професионалец. Сакате да продолжам?“, вели Мороз.
Последниот меч на Мороз беше против Мајра Буено Силва во Бразилија на 14 март, кога победи на поени. Таа исто така е и тренер на националниот боксерски тим.