Top Sport

Макс ги обвини Ферари за мамење, но си купи Монца СП2 за 1.5 милиони евра

Макс Ферстапен минатата година крена голема прашина со обвинувањето дека Ферари мамат со својот мотор, но тоа не му пречеше да даде 1.5 милиони евра за да си купи скап автомобил од италијанската компанија.

Според „Ла газета дело спорт“, Ферстапен си купил еден автомобил од лимитираната едицина Монца СП2, каков што имаат славниот готвач Гордон Ремзи и шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ. Се работи за машина со 6.496сс мотор и со 799 коњски сили.

Сепак, тој ќе треба да почека пред да ја стисне педалата за гас на „ѕверот“ бидејќи се работи за лимитирана едиција по нарачка, која ќе му биде доставена следната година.

22-годишниот возач на Ред бул минатата година по Американското ГП, каде што Ферари имаа слаби перформанси, изјави дека „така е кога не мамите“. Тогаш Ферари луто одговорија на овие обвинувања, така што најверојатно тој нема да добие попуст на автомобилот.

Ферари лошо поминаа во САД: Ферстапен: Така е кога ќе престанете да мамите

Ферари со затворена врата за Ферстапен: Не можеш да го навредуваш тимот и да сакаш да бидеш во него

Scroll to Top