Леванте на Енис Барди и во вториот меч по рестартот на Ла лига стигна до драматично реми, овојпат 1:1 со моќната Севилја.
Леванте во првото коло во градското дерби со Валенсија стигна до истиот резултат со пенал во 98. минута, додека овојпат им беше потребен автогол во 87. минута.
Севилја, која имаше шанса да се одвои на четвртото место на табелата со победа, дојде во водство преку Лук де Јонг во 46. минута, но тимот на Хулен Лопетеги не успеа да го заддржи водството и во 87. минута домаќините израмнија со автоголот на Диего Карлос.
Севилја останува четврта со 51 поен, четири пред Реал Сосиедад, додека Леванте се на 12. место на табелата со 35 поени.