Рахим Стерлинг го постигна својот 19. гол од сезоната, Кевин де Бројне беше совршен од слободен удар за Манчестер сити да останат во игра за четири титули оваа сезона со 2:0 победа на гостувањето кај второлигашот Кардиф во четвртото коло од ФА купот.
Де Бројне со фантастичен гол „под“ живиот зид уште во осмата минута донесе водство за лидерите од Премиер лигата, по што Стерлинг во 37. минута постигна гол по асистенцијата на Бернардо Силва за да нема возбуди во остатокот мечот. И покрај обидите на тимот од Чемпионшип во текот на целиот натпревар, тие едноставно немаа сили против моќниот тим на Пеп Гвардиола.