Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис го пофали тренерот Џенаро Гатузо по триумфот на неговиот клуб над Јувентус во финалето во Купот на Италија. Гатузо синоќа во Рим го освои првиот трофеј во тренерската кариера, во исто време колегата од Јувентус Маурицио Сари ќе почека на трофеј во италијанскиот фудбал.
Наполи по изведувањето на пенали го победи Јувентус. Натпреварот во регуларниот дел заврши 0:0, а по изведувањето на пеналите Наполитанците славеа со 4:2.
„Висевме во воздухот. Меѓутоа от моментот кога дојде Гатузо овде се сменија работите, сите се собравме околу него, околу клубот,околу идејата на Наполи. Искрено, Наполи беше единствениот тим што можеше да му парира на Јуве за оваа титула. Ги победивме во Купот во 2012 година, во Суперкупот, засега немаме победа над нив само во борбата за титулата во Серија А“, рекол Де Лаурентис.
Наполи синоќа го освои првиот трофеј во Купот по 2014 година.