Англиската рагби унија (РФУ) ја разгледува можноста да се забрани пеењето на традицоналната навивачка химна „Swing Low, Sweet Chariot“ поради поврзаноста на песната со робовладетелството во САД.
Песната почна да се пее на „Твикенхам“ на крајот на 1980-тите, кога некој од црните крила на англиската репрезентација, Мартин Офаја и Крис Оти постигнуваа поени. На стадионот „Твикенхам“ исто така се поставени зборови од песната, која во минатото беше објавувана како официјална песна пред Светскиот куп.
Северува дека песната е напишана од црн роб Вилијам Волис во Оклахома во 1865 година, а таа се прошири низ САД откако еден свештеник ја слушнал песната. Во 1960-тите во САД, кога се раздвижија барањата за човекови права, песната дури беше изведувана од Џоан Баез на Вудсток во 1969 година. Песната е официјална госпел-песна на американската држава Оклахома.
„РФУ постојано е посветена на различноста и свесноста за тоа. Песната е долго време дел од рагби-културата, но многумина не ја познаваат историјата на песната. Ќе го разгледаме историскиот контекст и нашата улога во образување на фановите“, се вели во соопштението на РФУ.