Давид Луиз и Арсенал уште преговараат за продолжување на договорот, откако бразилскиот бек бара двегодишен договор наместо едногодишен и плата од 120.000 фунти неделно, јавуваат британските медиуми.
„Топчиите“ имаат опција да го продолжат неговиот договор на дополнителни 12 месеци, но ако не го направат тоа тој ќе биде слободен агент на 1 јули. Сепак, бордот на Арсенал смета дека е тешко да се оправд двегодишен договор по неколкуте големи грешки кои ги направи 33-годишниот Бразилец, вклучувајќи го катастрофалниот меч против Манчестер сити во понеделникот.
Арсенал се само деветти во Премиер лигата, со осум поени заостанување зад топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите, а навивачите не беа задоволни од Луиз, кој против Манчестер сити прво беше виновен за првиот гол, а потоа направи пенал и доби црвен картон при 3:0 поразот.
Хорор-меч за Давид Луиз, Сити рутински преку Арсенал (видео)