Top Sport

Интер не попушта за Лаутаро, Барса не ја плаќа целата цена

Интер не го „попуштаат“ својот став околу Лаутаро Мартинез, додека Барселона не е подготвена да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Според обично доброинформираните „Скај спорт Италија“, постојат само два начини на кои Барса ќе го добие Лаутаро – со откуп на клаузулата или со 90-тина милиони евра кеш и играч по избор на „нераѕурите“. Ова очигледно не и одговара на Барселона, така што е многу веројатно тој да остане на „Сан Сиро“.

На Интер не им се брза, бидејќи веќе беа искеширани за Мауро Икарди од Пари Сен-Жермен, и не постои потреба да се продаваат фудбалери.

Scroll to Top