Големото англиско дерби меѓу лондонски Тотенхем и Манчестер Јунајтед заврши без победник 1-1. Мечот се играше без публика, но љубителите на фудбалот на малите екрани можеа да видат по еден гол во двете полувремиња. Сепак, „ѓаволите“ имаат повеќе причини за што да жалат.
Во првиот дел Тотенхем беше поконкретен и благодарение на одличниот продор на Бергвајн во 27 минута, на што кумуваше и лоша реакција на голманот Давид Де Геа, „петлите“ дојдоа до предност.
Иако Мурињо играта ја имаше поставено пред се во дефанзива, сепак тоа во првиот дел му донесе резултат.
Во првите 45 минути, најсериозната шанса во гостинскиот табор ја имаше Рашфорд во 30 минута.
Во вториот дел сличен развој на настаните. Пол Погба кој влезе како резерва, во 80 минута имаше продор кон голот покрај корнер-линијата, по што беше соборен од Диер.
Судијата Мајкл Оливер покажа на белата точка, а сигурен реализатор за 1-1 беше Португалецот Бруно Фернандеш.
Во последните моменти од мечот судијата досуди уште еден пенал за „ѓаволите“, но по консултација на ВАР-технологијата, ја промени одлуката.
Јунајтед извлече бод во Лондон, но сепак заостанува значително зад тимот на Челси.
Тотенхем останува на осмата позиција.