Top Sport

Федерер: Не ми е важно што се израмнив со Ѓоковиќ и Емерсон

Роџер Федерер кој низ солзи го прослави освојувањето на титулата во Мелбурн, рекол дека искуството и среќата му помогнале да го освои рекордниот 20. Гренд слем трофеј.

Швајцарецот во своето седмо финале во Мелбурн, во неделата, го победи Хрватот Марин Чилиќ со 3.2 (6:2, 6:6, 6:3, 3:6, 6:1) и ја освои шестата титула на Австралија опен.

Федерер вчера се израмни со Рој Емерсон и Новак Ѓоковиќ според бројот на освоени титули во Мелбурн.

„Не мие важно што се израмнив со нив. Тие имаат големи, одлични кариери. Мене ми се важни емоциите кои повторно ги почувствував. Играв пет сета против играч каков што е Чилиќ, дојдов до шестата титула во Австралија, 20.Гренд слем во кариерата. Тоа се тие поседбни моменти за мене“, рекол еден од најстарите освојувачи на Гренд слем трофеј.

„Освоив три Гренд слем титули во последната година. Не можам да поверувам. Годините не се важни, тоа е само бројка. Но јас морам вниматело да планирам и да ги поставувам целите и приоритетите. Сега сум среќен, пред мене е возбудлив период“, рекол човекот кој во кариерата има освоено 96 титули.

Scroll to Top