Top Sport

Синот на Мухамед Али: Мојот татко ќе ги мразеше расистите од „Black Lives Matter“

Единствениот биолошки син на боксерската легенда Мухамед Али тврди дека неговиот татко би го презирал „расистичкото“  движење „Black Lives Matter“ бидејќи тој секогаш ги поддржувал сите раси и не сакал да издвојува никого.

„Мојот татко би кажал: ’Тие се само ѓаволи, сите животи се важни’“, вели Мухамед Али Јуниор во интервју за „Њујорк пост“.

47-годишниот Али Јуниор исто така тврди дека најголемиот би го поддржувал Доналд Трамп, откако претходно додека беше жив ги поддржуваше демократот Џими Картер и републиканецот Роналд Реган.

„Не се важни само црните животи, туку и белите животи, и кинеските животи, сечиј живот е свет! Господ ги сака сите, никогаш не двои никого. Полицијците не се будат наутро и велат денеска ќе убијам црнец, туку се обидуваат да се вратат безбедно кај семејството“, додава Али Јуниор.

Scroll to Top