Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не сакал да го коментира судењето по победата на неговиот тим во Сан Себастијан против Реал Сосиедад 2:1. Реал од синоќа, поради подобриот меѓусебен скор со Барселона, се новите лидери во Примера.
Многу реакции предизвикаа поништениот гол на Јанузај и голот на Бензема. ВАР два пати беше на страната на Реал што предизвика бес кај они на кои во срцето им е Барселона.
„Искрен, мака ми е по секој натпревар да говориме за судиите. Не се мешам во нивните одлуки, тоа е тоа. Верувам дека ја заслуживме победата. Сакам да зборувам за фудбалот, за другите работи немам што да кажам“, рекол Зидан.