Тренерот на Барселона, Кике Сетиен го сподели своето мислење дека ВАР системот не се користи добро во шпанската Ла лига по контроверзната победа на ривалите од Реал Мадрид над Реал Сосиедад во неделата.
Мадрид дојде до 2:1 победа на „Аноета“ благодарение на головите на Серхио Рамос и Карим Бензема за да ги помине Барселона на првото место на табелата, но неколку контроверзни одлуки ја фрлија таа победа во сенка. Сосиедад сметаа дека израмниле преку Аднан Јанузај од далеку, но голот беше поништен бидејќи Микел Мерино го блокирал Тибо Куртоа.
Домаќините беа уште полути кога Бензема ја „потфати“ топката со рака пред да го постигне победничкиот гол во 70. минута, а ВАР системот реши дека нема прекршување на ривалите. Сетиен вели дека ВАР мора да се користи еднакво.
„Јас се фокусирам на нашиот тим. Имаме фудбалски проблеми, но задоволен сум од тоа што го правиме. Имаме две победи и едно реми, шест гола, и ниту еден примен. ВАР е само алатка која мора да се користи подобро, за да се добие вистинска слика за реалноста. Фер е да се запрашаме зошто некои одлуки се прегледуваат, а некои не“, вели Сетиен.
Реал Сосиедад: Со вакво судење невозможно е да се победи Реал