Жозе Мурињо ја искористи денешната прес-конференција за одбрана на неговата тактика, откако поранешниот играч на Арсенал, Пол Мерсон изјави дека Хери Кејн „страда“ за голови поради него.
По 1:1 ремито со Манчестер јунајтед во петокот, Мерсон тврдеше дека Кејн нема да може да постигне повеќе од 25 гола во сезона под Мурињо и смета дека напаѓачот ќе замине од Лондон ова лето. Мурињо, повторно во свој стил, во детали ги опишуваше перформансите на неговите напаѓачи во другите клубови.
„Можам да кажам дека неколку напаѓачи играа под мене и не беа лоши. Дрогба играше четири сезони и имаше 186 гола. 46 гола по сезона! Имав уште едно момче, кое не беше лошо, сега игра за Јувентус (Кристијано Роналдо) и во три сезон имаше 56 гола по сезона. Исто така, Карим Бензема во три сезони имаше 78 гола. Имав уште еден Диего Милито, во една сезона постигна 30 гола и освои три титули. И уште еден кој играше сезона и пол, поради повредите. Високо момче, се викаше Златан, имаше 58 гола… Затоа, драг Пол, со целата почит, мислам дека Хери Кејн нема проблем да дава голови во моите тимови, посебно кога ќе биде фит, подготвен и ќе игра“, вели меѓу другото Мурињо.
Jose Mourinho rubbishes Paul Merson’s comments about Harry Kane’s future by comparing him to the best strikers he’s ever coached…
…and he’s coached some of the best strikers ever pic.twitter.com/QaDkSLFAJ8
— SPORTbible (@sportbible) June 22, 2020