Сѐ уште актуелниот англиски шампион, Манчестер сити го „прегази“ Барнли со 5:0 во вечерниот меч од Премиер лигата, кој беше одбележан со скандал пред стартот на мечот, кога над стадионот на „граѓаните“ се појави авион со порака „White Lives Matter Burnley“ (Сите бели животи вредат, Барнли), кој беше осуден од гостинскиот тим во текот на мечот.
Инцидентот се случи во моменти кога сите фудбалери во Премиер лигата на своите дресови носат порака „Black Lives Matter“ и претставува очигледна провокација. Барнли, клуб кој во 2017 беше обвинет дека е „последен бастион“ на белата Англија од францускиот „Л’Екип“ веднаш го осуди инцидентот.
Plane has just flew over the Etihad, “White Lives Matter Burnley” wtf pic.twitter.com/BXzOxEbyCM
— Emmett (@TheEmmett_) June 22, 2020
Club Statement https://t.co/n2wh8tFlv5
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) June 22, 2020
На теренот, Сити немаа проблеми со Барлни, Фил Фоден и Ријад Марез постигнаа по два гола, Давид Силва постигна уште еден за убедлива победа над блиските соседи, кои и прехтодно беа обвинувани дека се „најбелиот“ тим во Премиер лигата.
Ова е втора убедлива победа на Сити по рестартот на Премиер лигата, откако во првиот меч со 3:0 ги „здробија“ Арсенал. Барнли се на 11. место на табелата.
Л’Екип: Барнли е 100% бел премиерлигаш, во градот сè е како од минатиот век