Top Sport

Роналдо и Бекам му го честитаа роденденот на Зидан

Поранешните соиграчи на Зинедин Зидан од Реал Мадрид, Дејвид Бекам и Роналдо му посакаа среќен 48. роденден на тренерот на „кралевите“ со интересни постови на социјалните мрежи.

Роналдо беше прв со честитките, објавувајќи фотографија со Зидан на која покрај пораката за среќен роденден му призна дека тој бил неговиот најдобар соиграч.

Бекам, пак, со пост на француски јазик се потсети на времињата кога двајцата беа соиграчи.

„Среќен роденден, драг пријателу Зидан. Споделивме фантастични моменти, ова е еден од омилените“, напиша Бекам со видео на една асистенција до Зидан.

 

View this post on Instagram

 

joyeux anniversaire mon ami @zidane You are the best I ever played with. #happybirthday #zizou

A post shared by Ronaldo (@ronaldo) on

Scroll to Top