Top Sport

Фетел и Леклер тестираа во Муџело (видео)

Шарл Леклер и Себастијан Фетел го комплетираа приватниот тест на Ферари во Муџело како дел од подготовките за стартот на сезоната 2020.

Фетел возеше во утринските часови со болидот од 2018 година СФ71Х, а во попладневните часови беше време за Леклер во првиот тест за тимот по тестирањето во Барселона во февруари.

Бидејќи тестирањето на актуелните болиди за 2020 е лимитирано на само 100 километри, тимовите се решаваат за тестирање со болиди постари од две недели, како што направија и Мерцедес и Рено пред Ферари. Алфа Таури ќе тестира во среда во Имола, додека Ред бул би требало да има сличен тест до крајот на неделата.

Scroll to Top