Михаел Шумахер бил еден од најзаслужните за Формула 1 кариерата на Кими Раиконец, откако на тестирањето во Муџело во 2000 година откако го гледал Финецот како тестира, веднаш му препорачал на сопственикот на Заубер, Петер Заубер да му даде договор бидејќи се работи за „голем возач“.
Со само 23 трки во малите Формула серии, Раиконен доби неочекуван тест за Заубер во 2000, и според швајцарскиот весник „Блик“, Михаел Шумахер веднаш бил импресиониран. Тие велат дека Шумахер уште вечерта отишол кај газдата на малиот швајцарски тим (кој сега е познат како Алфа Ромео) и дека му кажал: „Не знам кој го возеше твојот болид, но мораш да потпишеш со него, тој ќе биде голем возач“.
Раиконен дебитираше во Формула 1 на Австралиското ГП во 2001 година, кога ги освои првите поени со шестото место за Заубер. Тој подоцна ќе го замени Шумахер во Ферари по првото пензионирање на Германецот во 2007 и ја освои последната титула за италијанскиот тим пред „сушата“. 40-годишниот Финец уште е во Формула 1, и тоа во тимот каде што започна, Алфа Ромео и има договор до крајот на сезоната.