Ливерпул имаат најголеми шанси да стигнат до потписот на Тијаго Алкантара, откако тој ги прекина преговорите за продолжување на договорот со Баерн Минхен, тврди германскиот „Билд“.
Шпанскиот интернационалец има договор со Баварците до крајот на 2021 година, и се веруваше дека ќе го продолжи договорот по осмата титула во низа во Бундеслигата минатата година. Но, весникот тврди дека 29-годишниот фудбалер од средниот ред ги прекинал преговорите со Баерн и веќе им кажал на своите соиграчи дека е блиску до Ливерпул
Јирген Клоп повеќе пати не го криеше почитувањето за фудбалерот кој е роден во Бразил, иако тој има клаузула во договорот за враќање во Барселона за само 25 милиони евра. Тијаго имаше 35 настапи за Баерн оваа сезона и постигна три гола.