Top Sport

Станковиќ: Ноле, со тебе сум!

Тренерот на белградска Црвена звезда, Дејан Станковиќ вели дека му пречат нападите кон најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ. Станковиќ неодамна присуствуваше на отварањето на тенискиот „Адрија тур“ каде се прошири заразата на Ковид 19 меѓу тенисерите, но тој вели дека не е меѓу заразените.

„Немам корона. Се тестирав во Белград пред неколку дена, мене ме прескокна, тестот ми е негативен. Гледам дека се крена голема прашина околу мојот пријател, брат Новак Ѓоковиќ. Сакам на сите кои се позитивни да им пожелам брзо опоравување и се да помине без компликации“ – рече Станковиќ.

Тој вели дека му пречи целата таа негативна енергија околу Ѓоковиќ.

„Како сите да заборавија за каков тоа човек и хуманист се работи, колку добри дела има зад себе. Ноле, со тебе сум, сликата за тебе не може да ја промени една лоша проценка“ – смета екс-фудбалерот.

Scroll to Top