Гонзало Игуаин ги импресионирал своите тренери на тренинзите на Јувентус и ќе биде во тимот против Лече, тврди „Тутомеркато“.
Околу иднината на Аргентинецот имаше многу шпекулации за време на карантинот поради корона вирусот, кога тој замина дома за да биде со неговата болна мајка. Сепак, Игуаин очигледно работи напорно на својата форма и се очекува да биде во тимот на Маурицио Сари за следниот меч.
Родриго Бентанкур, Лео Бонучи, Матијс де Лихт, Пауло Дибала и Кристијано Роналдо играа по 90 минути против Болоња и добија ден пауза, пред денеска да се вратат на тренинзи.