Германскиот фудбалски репрезентативец, Тимо Вернер од 1 јули и официјално е играч на лондонски Челси. „Сините“ за неговите услуги на Лајпциг му платија 65 милиони евра.
Одличниот напаѓач беше блиску да потпише договор со Ливерпул, но се пропадна кога финансиската иднина стана нестабилна, поради пандемијата на коронавирусот.
Челси влета во приказната и Германецот стана „син“.
Угледниот „Билд“ открива колку Вернер ќе заработува за петте сезони колку би требало да помине на „Стемфорд Бриџ“.
Според нивните информации, 24-годишниот напаѓач ќе заработува по 15.5 милиони евра по сезона, двојно повеќе од она што го заработуваше во бундеслигашот.
Доколку го одработи целиот договор со Челси, Вернер сопственикот на клубот, Роман Абрамович ќе го чини 135 милиони евра.