Екипата на Арсенал победи во натпреварот против Саутемптон во рамки на 31 коло од Премиерлигата. Избраниците на Микел Артета иако не брилјираа, сепак ги освоија трите бода.
До водство „топчиите“ од Лондон стигнаа во 20 минута по големата грешка на голманот на Саутемптон кој неспретно го погоди во ногата младиот Едвард Нкетиа, а овој лесно погоди за 0-1.
Лонг и Редмонд пропуштија шанси за погодок на „светците“.
Дополнително олеснување за Арсенал беше и црвениот картон на Џек Стивенс во 85 минута.
Само две минути подоцна Вилок погоди за конечни 0-2 за Арсенал.
Во натпреварот кој започна во истиот термин меѓу Барнли и Ватфорд минимална победа од 1-0 славеа домашните. Стрелец на единствениот гол беше Родригез во 73 минута.
Дербито со кое се заокружува ова коло во ПЛ започнува за кратко, а се соочуваат Челси и Манчестер Сити.