Британскиот боксер Амир Кан остро ги започна подготовките за мечот со Фил Ло Греко, фрлајќи чаша вода кон него во лутата прес-конференција откако почна да се зборува за неговиот приватен живот.
31-годишниот Кан се подготвува за првиот меч по речиси две години против Ло Греко на 21 април во Ливерпул. Ло Греко на прес-конференцијата ги коментираше брачните и семејните проблеми на Кан по поразот од Саул „Канело“ Алварез во мај 2016 година, по што поранешниот шампион фрли вода кон Канаѓанецот предизвикувајќи хаос.
„По поразот од Канело ти влезе во губитничка серија – семејството, сопругата, и потоа со твит кон светскиот шампион во тешка категорија. Што ти е тебе, човеку?“, изјави Ло Греко.
Кан му прати твитер-порака на Ентони Џошуа во август 2017 која всушност се однесуваше на неговиот брак, за што потоа му се извини.
По мешаницата која се случи промотерот Еди Херн побара Ло Греко да се извини, но тој одби да го направи тоа, а Кан изјави дека тоа ќе му биде „мотив повеќе“ да го победи ривалот.
Amir Khan throws a glass of water at Lo Greco after he says that Khan took more losses after Canelo including his family and wife! #KhanLoGreco pic.twitter.com/3Ru9TIKWIM
— Strictly Boxing Fans (@BoxingBritain1) January 30, 2018