Џанлука Симеоне, најмладиот син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се приклучи на лидерите во италијанската втора лига, Фросиноне на 18-месечна позајмица од аргентинскиот клуб Ривер Плејт.
18-годишниот Симеоне, е напаѓач, исто како и неговиот постар брат, Џовани Симеоне, кој настапува за Фиорентина. Најмладиот Симеоне го скрши стапалото при меч со Депортиво Морон минатиот август, по што паузираше два месеци и го загуби местото во резервниот тим на Ривер.
Аргентинскиот клуб реши дека најдобро за враќање во форма е искуството кое ќе го добие во Европа, а доколку Фросиноне се пласира во Серија А, следната година браќата може да играат еден против друг во меч, кој Чоло сигурно нема да го пропушти.