Екипата на Вердер Бремен кога беше најпотребно, во последното 34-коло во Бундеслигата одигра маестрално и со високи 6-1 славеше против Келн кој немаше големи мотиви за надигрување, па така успеа да обезбеди можност преку бараж дуел со третопласираниот во Цвајта да остане во Бундеслигата.
Во прилог на Вердер одеше и поразот на директниот конкурент за опстанок, Фортуна Диселдорф кој загуби во Берлин, кај екипата на Унион со 3-0.
Диселдорф и од порано Падерборн се селат во втора лига, а Вердер ќе игра бараж.
При врвот на табелата, кај патниците за во Лигата на шампионите имаше неизвесност до самиот финиш.
Борусија Менхенгладбах ќе игра во новата сезона од ЛШ откако во последното коло на домашен терен славеше со2-1 против Херта и така зад себе ја остави екипата на Баер Леверкузен која залудно славеше триумф со 1-0 против Мајнц.
Откако од порано Баерн Минхен ја прослави новата титула во Бундеслигата, Борусија (Д) без многу мотиви, си дозволи на својот стадион убедлив порз со 4-0 од Хофенхајм. Сите 4 гола за гостите беа дело на хрватскиот голгетер, Андреј Крамариќ.
Резултати од последното 34. коло:
Волфсбург – Баерн Минхен 0-4, Борусија Дортмунд – Хофенхајм 0-4, Аугсбург – Лајпциг 1-2, Борусија Менхенгладбах – Херта 2-1, Ајнтрахт Ф. – Падерборн 3-2, Баер Леверкузен – Мајнц 1-0, Фрајбург – Шалке 4-0, Унион Берлин – Фортуна Диселдорф 3-0, Вердер – Келн 6-1