Артур Мело доцна синоќа пристигнал во Торино за да ги помине медицинските тестови пред трансферот во Јувентус, додека и Миралем Пјаниќ денеска ќе ги помине медицинските тестови во италијанскиот град пред заминувањето за Барселона, за да се реализира трансферот кој се најавува неколку недели.
Бразилецот беше „фатен“ како пристигнува на аеродромот Каселе во Торино заедно со членовите на семејството и поранешниот директор на Барселона, Роберт Фернандез. Поради ограничувањата за пристигнување во Шпанија, се верува дека и Пјаниќ ќе ги помине тестовите во Торино, пред да замине за Каталонија
Трансферот на Артур ќе вреди 70 милиони евра, што значи дека Јувентус ќе го прати Пјаниќ и дополнителни 10 милиони евра во Барселона. Се верува дека тој ќе добие 7 милиони евра годишна плата во Торино. Договорот би требал да се комплетира до 30 јуни за да се смета за финансиската година 2019/20, а двата играчи ќе останат во сегашните клубови до крајот на сезоната.
Aeroporto di Caselle ? #Arthur appena atterrato a Torino ⚪⚫ #Juventus pic.twitter.com/iw0cPqPkK7
— Giovanni Albanese (@GiovaAlbanese) June 27, 2020