Новиот бундеслигаш Арминија Билефелд со 3:0 го „здроби“ Хајденхајм, но малиот клуб од Баден-Виртенберг, сепак, ќе игра плејоф за влез во Бундеслигата против поранешниот шампион Вердер, откако Хамбургер не ја искористи оваа шанса и загуби со 1:5 дома од Сандхаузен, клуб од средината на табелата! Со овие резултати Хајденхајм на крајот има само еден поен предност пред ХСВ.
Покрај Арминија, камбек во Бундеслигата обезбеди и тимот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, Штутгарт кои загубија дома од Дармштат со 1:3. Во третата лига испаѓаат Вехен и Динамо Дрезден, додека Нирнберг ќе игра бараж за опстанок.
Ова е убедливо најголем успех во историјата на Хајденхајм, клуб кој е основан во 2007 година, а во втората лига првпат влезе во 2014 година. Противник во баражот ќе им биде трофејниот Вердер Бремен, кој обезбеди бараж во последниот меч од сезоната минатата година.
Лузери на последното коло секако се Хамбургер, клуб кој до лани немаше испаднато во 2.Бундеслига, откако прво во минатото коло загубија со 2:1 од Хајденхајм, а сега дома со 1:5 беа поразени од Сандхаузен за еден историски колапс.
АРМИНИЈА – ХАЈДЕНХАЈМ
ХАМБУРГЕР – САНДХАУЗЕН