Анте Ребиќ го постигна својот осми гол во девет меча во Серија А за Милан, за „росонерите“ да стигнат многу важна 2:0 победа над Рома во меч од 28. коло на италијанскиот шампионат.
Рома имаа подобар старт на мечот, откако обидот на Џастин Клајверт беше сопрен од Џанлуиџи Донарума, а Клајверт потоа му создаде одлична шанса на Един Џеко, кој мораше да реагира подобро. Милан имаше најдобра шанса во 27. минута, кога Џакомо Бонавентура стрелаше над голот, а Хакан Чалханоглу во финишот на полувремето пропушти совршена шанса.
Темпото на игра падна во второто полувреме на жештината до 30 степени на „Сан Сиро“, пред во 76. минута, хрватскиот напаѓач во вториот обид да ја искористи лошата реакција на Рома за важни три поени за домаќинот. Триумфот го потврди Чалханоглу со гол од пенал во 88. минута од мечот.
Рома останува на петтото место на табелата со 48 поени, сега шест зад Аталанта, која вечерва игра со Удинезе, додека Милан се искачува на седмото место со 42 поени, колку што има и шестопласираниот Наполи.
GOOAL ANTE REBIC !!! pic.twitter.com/7FrmL1ZAFR
— TeamMilanAC (@TeamMilanAC) June 28, 2020