Top Sport

Вилјареал продолжи со лудата летна серија, овојпат падна Валенсија (видео)

Вилјареал се искачи на петтото место во Ла лига со 2:0 победата над Валенсија, со која продолжи фантастичната серија на „жолтата подморница“, бидејќи клубот нема пораз од рестартот на шпанскиот фудбал.

Жерард Морено во 14. минута му асистираше на Пако Алкасер за водство на домаќините на „Керамика“, пред самиот да се запише во листата на стрелците во финишот на првото полувреме за да обезбеди три поени за Вилјареал.

Вилјареал сега се петти со 51 поен, три зад Севилја со реални шанси за борба за место во ЛШ, додека „лилјаците“ се на осмото место со 46 поени.

Scroll to Top