Актуелниот тренер на катарскиот клуб Ал-Сад и легенда на Барселона, Чави признава дека го подготвува својот тренерски тим за да бидат на чело на каталонскиот клуб, но додава дека нема да се врати во матичниот клуб доколку не му биде дадено слобода да прави одлуки.
Барселона го побара Чави како замена за Ернесто Валверде во јануари, но тој ги одби велејќи дека не е подготвен за таква работа по што беше ангажиран Кике Сетиен. По неубедливите резултати оваа сезона и губењето на првото место од Реал Мадрид на шест кола пред крајот, повторно се појавија шпекулации дека 40-годишниот Чави ќе биде „спасителот“.
„Најголемата желба која ја имам сега е да бидам тренер на Барса и да ја вратам Барса на победите. Не јас самиот, туку сегашните фудбалери на тимот. Затоа мојот техички тим се подготвува за такво нешто“, изјавил Чави за каталонскиот весник „Спорт“.
Чави, кој освои 25 трофеи како фудбалер на Барселона, оваа сезона го освои Катарскиот Суперкуп и Катарскиот куп со Ал-Сад.
„Јас сум клупски човек и сакам да се вратам во вистински момент за да го почнам проектот од нула. Кажав повеќе пати дека би сакал да ги правам фудбалските одлуки во Барселона. Дојдоа во јануари и зборувавме, но им кажав дека тајмингот не беше вистински“, вели Чави.
Barcelona icon Xavi admits he is ‘preparing’ to take over from Quique Setienhttps://t.co/IFdhxYAQhD pic.twitter.com/8tp6JaAkoH
— Express Sport (@DExpress_Sport) June 29, 2020